145 години од основањето на БАН во МАНУ
Нова и поблиска релација меѓу највисоките научни установи на Mакедонија и Бугарија. Науката и уметноста како фактор на поврзување меѓу бугарската академија на науки и македонската академија на науки и уметности. Со изложба во МАНУ во Скопје одбележана 145 години од основањето на бугарската академија.
Иако на 30-на постери беше концизно нафрлена дејноста на БАН во минатиот век и половина, самата изложба претставува нов импулс во научната комуникација меѓу двете земји. Солидно селектирани, на поставката можеше да се забележи толеранцијата и избегнувањето на суптилните историски или лингвистички прашања, во духот на европските традиционални вредности, зближувањето и интеграцијата на стариот континент.
„Ние кога зборуваме, зборуваме само за научната вистина, за научната фактологија, без да имаме дополнителни влијанија. Ние слободно истражуваме, за да видиме кои нешта се натрупани во времето и да се види што е реално, а што измислено“, вели Академик д-р Стефан Воденичарев, претседател на бугарската академија на науки
Осум работни групи на двете академии веќе работат на 33 проекти во областите на евроинтеграциите, економската соработка, балканските преспективи,ослободителните востанија, заедничката историја за време на отоманската империја.посебен одбор на ману ќе организира конференција на балканските академии по повод еден век од почетокот на првата светска војна.
Во однос на првата светска војна, балканските академии на уметности, недоволно организирано пристапија кон една сестрана анализа на причините и последиците на војните“, вели Академик д-р Владо Камбовски претседател на македонската академија на науки и уметности.
Во наредните неколку дена деновите на БАН во Македонија се чекор кон надминување на национализмот и евроскептицизмот особено по последните европски избори смета академик Камбовски.
Зоран Богатинов
