Србија

Експлозија на гас во Земун, има загинат и повреден

10.11.2023 13:33

Експлозија на гас во куќа во Земун во која живееле татко и ќерка. Мажот починал, а жената со повреди на главата и изгореници...

Експлозија на гас во куќа во Земун во која живееле татко и ќерка. Мажот починал, а жената со повреди на главата и изгореници била пренесена во ургентниот центар.

Нејзината состојба е стабилна. Се претпоставува дека при изведувањето на работите бил прекинат главниот гасовод и дека гасот преку канализацијата влегувал во куќите.

Превентивно гасот е исклучен од тој дел од градот.