Македонија

Можен штрајк на Управата за водење матични книги

10.11.2023 13:36

Вработените очекуваат нова средба со директорот на институцијата за исполнување на ветувањата кои им се дадени, бидејќи велат дека потпишаниот колективен договор е само на хартија...

Штрајк на Независниот синдикат на вработените од Управата за водење на матични книги. Неизвесно е дали граѓаните од понеделник ќе можат да извадат извод и други документи. Вработените очекуваат нова средба со директорот на институцијата за исполнување на ветувањата кои им се дадени, бидејќи велат дека потпишаниот колективен договор е само на хартија, но не се исполнува во практика. Известува Ирина Гелевска.