Светски ден на науката

УКЛО побогат за тројца научни истражувачи

10.11.2023 13:48

Од денес битолскиот универзитетот „Св. Климент Охридски“ е побогат за тројца научници и истражувачи со врвни достигнувања и три невладини организации кои имаат висок меѓународен рејтинг. Со нив денес е потпишан Меморандум за соработка, а беа прогласени и најдобрите научници на УКЛО.

На Светскиот ден на науката, за прв пат од своето постоење УКЛО ги отвори вратите за сите оние кои се занимаваат со научно-истражувачка дејност, а досега делувале надвор од рамките на Универзитетот.

Дополнителна вредност е тоа што првоизбраните научно-истражувачки работници се од областа на медицината и нивните трудови веќе се евидентирани во престижните светски списанија.

Граѓанска иницијатива од Скопје свој придонес ќе даде во научното истражување и популаризација на македонското културно наследство.

За првите луѓе на ректорската управа, ова е само чекор во настојувањето да се прошири орбитата со акумулација на што поголем број на научници.

Инаку покрај потпишувањето на Меморандум за пристап кон УКЛО мрежата, беа доделени и награди за најдобрите научници од Универзитетот

Стевче Митревски