Израел

Семејствата со надеж за спас на заложниците

10.11.2023 14:24

Празните столици на масата, се чекаат да ги пополнат заложниците-меѓу нив и семејството на Еврејката со македонско потекло. Сирените за тревога и натаму ја огласуваат војната која станува сè пожестока…

Празни столици за секој еден заложник. Во собирниот центар за ослободување на заложниците во Израел трпеливо се чека тие да си го заземат своето место на масата. Тука се и тетките на Наама заедно со стотици други луѓе кои очекуваат некое сознание за своите блиски-жртви на припадниците на Хамас.

Со огромна тага по Наама трага нејзиниот дедо. Тој немаше сила да зборува … Меѓу нив уште од првиот ден е уште една Израелка која е судбински поврзана со Македонија, познатата професорка Рашел.

Еден официјален податок ни влева надеж дека хуманоста и емпатијата се најважните во вакви трагедии. Неколку наши државјани решиле да не го напуштат Израел и да останат да делат и добро и лошо со нивните сограѓани Израелци, посочува првиот човек на еврејската заедница во земјава.

Леви го потврди македонското потекло на Наама-според службените книги со кои располагаат се докажува дека таткото на баба и Грасија, во 1919-та година бил заведен како член на Еврејската заедница во земјава. За други лица нема информации.

Фиљана Кока