Мизрахи бара Анкетната комисија да продолжи со работа уште 30 дена
Според претседателката на комисијата Мизрахи, тоа е поради појавувањето нови информации поврзани со таа клиника и потребата од дополнително сослушување на експерти и поранешни и сегашни носители на јавни функции. Досега се сослушани повеќе од 50 лица.

Анкетната комисија за онкологија бара да ја продолжи својата работа за нови 30 дена. Според претседателката на комисијата Мизрахи, тоа е поради појавувањето нови информации поврзани со таа клиника и потребата од дополнително сослушување на експерти и поранешни и сегашни носители на јавни функции. Досега се сослушани повеќе од 50 лица.
Министерот за здравство за случајот „Онкологија“ апелираше Обвинителството што поскоро да излезе со име и презиме. Во здравството треба секој ден да се гасат новонастанати жаришта, а веќе почнале работите да се средуваат и напредуваат, оцени Меџити.
Реагираа од Обвинителството. Велат дека јавното обвинителство води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Посочуваат дека обвинителите работат темелно и одговорно, почитувајќи ги сите законски рокови.
„Јавното обвинителство апелира политичарите да се воздржат од употреба на овој чувствителен предмет во политички цели“, велат од Обвинителството.
Во меѓувреме нови апарати пристигнаа на Клиниката за неврологија. Се работи за донација за рана детекција на мултипла склероза. Ќе помогне за пациентите порано да почнат со терапија со што ќе се спречи прогресирање на болеста.
Министерот за здравство најави и набавка на нова магнетна резонанца на Клиниката за неврологија и целосно реновирање на Ургентниот интернистички центар со тријажа.
Ана Јосифоска-Тодоровска
