ЕПИ: Разнишани темелите на преговорите со ЕУ
Оценките на Брисел за напредокот на земјава се послаби од лани-вели експертската јавност.Најмногу ги загрижуваат критиките во правосудството и фундаменталните права. Сугерираат сега е клучен момент да се покажат резултати во поглавјата што влијаат на планот на раст што ЕУ го најави Западен Балкан...

Загрижувачките оценки за правосудството и за борбата против корупцијата како и посочувањата дека земјава нема напредок или тој е ограничен во кластерот Темели, треба да бидат сигнал во иднина да се посветиме на реформите, велат од Институтот за европски политики. Оттаму посочуваат дека оценката за подготвеноста за преземање на обврските од членството е повисока само во едно поглавје.
Достапноста на европските пари од планот за раст кој го претстави Европската комисија директно зависи од реформите коишто ќе ги испорача земјава. Поради ова, велат во ЕПИ наодите од Извештајот треба да се сфатат сериозно.
Невладината организација потсетува и на политичката поларизација во Собранието која е нотирана во Извештајот и е причина за неусвојувањето на значајни реформски закони, вклучително и назначување на членови на независни тела.
Анита Димитријевска – Велковска
