Приватните лекари реагираат заради обврските да исплаќаат К-15
Здружението на приватните лекари на РМ преку соопштение се пожалија за преголемиот товар од обврски и давачки несоодветен на капитацијата од 50 денари за пациент којашто со години не се зголемува.

Според соопштението на Здружението на приватните лекари на РМ(ЗПЛРМ) бројот на давачките постојано се зголемува, а капитацијата со години им останува иста-50 денари за пациент. Затоа им пречи последната обврска да исплаќаат и К-15 по 0,5 % за секоја година од стажот за вработените. Се жалат дека секојдневно даваат неограничен број услуги без дополнителна партиципација од пациентите, дека ги оптоварува осигурувањето од лекарска грешка, дека имаат многу трошоци поради секојдневното печатење на документација на хартија иако здравството е електронско, за фирмарини, за елаборати за безбедност при работа, за лиценци за компјутери, за антивирусни програми, за ампуларна терапија и друго.
Прашуваат зошто сите вработени да не плаќаат фиксен процент за здравството, сметајќи дека така здравството ќе може да ги издржи сите потреби на пациентите.
Во соопштението на ЗПЛРМ се наведуваат и другите тековни проблеми како што велат стратешки важни за опстојување на матичните лекари.
,,1.Не смее да се гаси фирма ако почине сопственикот на ПЗУ.Секоја фирма е мал бренд.
2.Мора да се врати правилото пациентите да се заведуваат на ПЗУ, а не на лекарот, затоа што кога заминува вработениот доктор,нема теорија сите пациенти кои биле негови да дојдат со електронски картички да се пријават наново. Со тоа се руши сета финансиска рамка на ПЗУ то.
3.Време е повторно да се разговара со Министерство за Здравство за висината на бодот или за пакетот на примарно здравство.“
Соња Стојановска
