Уапсена малолетничка со марихуана
Вестите за лесната достапност до дрога кај младите сè се почести. Последната информација е дека била пронајдена во ранец кај 17 годишна девојка. Како младите најчесто се залажуваат и влегуваат во стапица со опијати?...

Уапсена е малолетничка во скопска Кисела Вода. При претрес на ранчето во училишниот двор, кај неа е најдена марихуана. Од МВР велат дека заедничките контроли со инспекторатите покажале дека ова е секојдневие, а опијатите се повеќе ги консумираат малолетни лица.
Со кампањи МВР дејствуваат да се намали и спречи појавата на девијантното однесување кај младите, но и да се превенираат зависностите.
Од МВР велат дека ова не е изолиран случај и дека тие секојдневно се соочуваат со малолетници коишто се почесто консумираат опијати, а најпопуларна дрога кај младите е марихуаната, бидејќи е најлесно достапна. Проблемот со ваквото девијантно однесување го решаваат со почести кампањи.
Порано мислевме дека дрогата е специфика на некакви западни општества или други системи, но со ваквата вест се потврдува дека таа ја има и кај нас и што е најстрашно, се повеќе се спушта со генерациското ниво, велат социолозите.
Граѓаните сметат дека родителите немаат доволно време за своите деца, проблем е што и марихуаната е лесно достапна за младите.
Проблемот со достапноста на опијатите до младите останува болна тема. Според социолози, семејството мора да внимава и забележи, дали нивните деца имаат промени во однесувањето или во училиштето, за да се превенира евентуалната зависност.
Александра Спировска
