Случај „Трезор“
Преквалификување на делото за случајот „Трезор“
10.11.2023 19:25
Запретената казна за преквалификуваното кривично дело е за две години пониска од првичната, ќе се скрати и постапката за застарување на делото...

Променет обвинителниот акт за случајот „Трезор“. Обвинителот Пеливанов побара првообвинетиот Мијалков наместо за „злоупотреба на службената положба“ да одговара за „пречекорување на службените овластувања“ кога бил директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.
Запретената казна за преквалификуваното кривично дело е за две години пониска од првичната, ќе се скрати и постапката за застарување на делото. Случајот „Трезор“ се однесува на набавката на опрема за следење на комуникациите од Велика Британија.
