мвр
Приведен крадец во Битола, украденото е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот
10.11.2023 20:28
Тој се сомничи дека од куќа во Битола одзел повеќе предмети...

Денеска полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода А.П.(21) од Битола. Тој се сомничи дека од куќа во Битола одзел повеќе предмети.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени украдените предмети кои ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против А.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
