Ракомет

27 000 фанови го кажаа своето

30.05.2014 18:32

Ако лани Кирил Лазаров македонскиот капитен и лев бек на Барселона, не се вброи во најдобрата седморка од Лигата на шампионите, годинава, ДА. Сезонава од тимовите го има на списокот и Вардар во името на Тимур Дибиров кој ја заслужи почеста за најдобро лево шампионско крило.

Така одлучија 27 000 фанови ширум Европа, составувајќи го дрим тимот сочинет од играчи учесници во елитната клупска континентална лига. Покрај тимот се гласаше и за најдобар дефанзивец, признане кое втора година со ред го заслужува Тимушин Шуш од Веспрем, тимот учесник во фајнл-фор завршницата викеднов. Дел од големиот ракометен спектакл во Келн е и наш Кире со неговата Барса, каде ќе атакуваат на 8-та евро титула. Покрај Лазаров (и Шуш како дефанзивец) од тимот на соништата уште двајца играчи од Веспрем се најдоа во седморката, Илиќ и Сулиќ.

ДРИМ ТИМ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ ЗА СЕЗОНАВА:

ЛЕВО КРИЛО – Тимур Дибиров (Вардар)

ЛЕВ БЕК – Момир Илиќ (Веспрем)

ПИКЕР – Ренато Сулиќ (Веспрем)

СРЕДЕН БЕК – Микел Хансен (ПСЖ)

ДЕСЕН БЕК – Кирил Лазаров (Барселона)

ДЕСНО КРИЛО – Лук Абало (ПСЖ)

ГОЛМАН – Никлас Ландин (Некар Ловен)