МВР

МВР: 258 санкционирани возачи во Скопје

11.11.2023 08:44

На територија на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64 санкции...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден  продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, пет санкции за возачи почетници.

Изречени се 16 мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стоив ос оопштението од МВР.