Мишел упати покана до лидерите на ЕУ на средба на која ќе се разговара за стратешката агенда на Унијата
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел упати покана до лидерите на ЕУ на средба на која ќе се разговара за стратешката агенда на Унијата. Побара да се продолжи со дискусии за агендата и приоритетите за следниот институционален циклус.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел упати покана до лидерите на ЕУ на средба на која ќе се разговара за стратешката агенда на Унијата. Побара да се продолжи со дискусии за агендата и приоритетите за следниот институционален циклус, врз основа на состаноците на самитот во Гранада.
Дискусии ќе се одвиваат во мали групи во Париз, Берлин, Копенхаген и во Загреб во текот на овој месец.
Мишел посочува дека во овие бурни времиња од катастрофи поврзани со климатските промени до технолошкиот пресврт предизвикан од врвните дигитални случувања и фрагментацијата на мултилатералниот поредок заснован на правила, лидерите на Унијата треба да размислат за капацитетот на ЕУ да дејствува и да ги постигне своите цели.
