Монографија

Промовирана монографијата „100 години поштенски картички од Велес“ дело на Виктор Габер и Зоран Стрезовски

11.11.2023 11:33

Првата поштенска картичка од Велес датира од 1899 година и во март месец била испратена за Венеција од нејзиниот издавач Тодор Христов. Ова е само еден документ од 450 фотографии во монографијата „100 години Велес историја на поштенски картички“ издадена од Виктор Габер и Зоран Стрезовски.

Четиристотини и педесет поштенски разгледници најдоа месо во монографијата „100 години Велес, историја на поштенските картички“ дело на филателистите, колекционери, амбасадорот Виктор Габер и Зоран Стрезовски. Оваа филателистичка – монографија, според авторите е прва од таков вид во Македонија.

Во монографијата ја има првата поштенска картичка од Велес, издадена 1899 на турски јазик, од велешанецот Тодор Христов. Таа е со стариот мост и градот од околината во позадина. Истата на 24 март 1899 е испратена од Велес за Венеција. Книгата е своевидна галерија на слики од градот во период од еден век. Промотор на книгата беше писателот Васил Тоциновски.

Книгата е издадена од Општина Велес, во рамките за одбележување на 9-ти Ноември, Денот на општина.

 

Петар Печков