Венгер останува „дома“!
Арсен Венгер и Арсенал не можат еден без друг. Французинот се согласил да го продолжи договорот со екипата од северен Лондон до 2017-та што значи дека ќе ја мине границата од 20 години на клупата на „топчиите“.

Тригодишниот договор ќе биде вреден 24 милиони фунти.
Венгер во Арсенал дојде во 1996-та година и оттогаш освои 12 трофеи, три во Премиер лигата, пет во ФА купот и четири во англискиот Супер куп. Во досегашните речиси осумнаесет години на клупата, Венгер го предводеше Арсенал на 1010 натпревари со биланс од 578 победи, 238 нерешени и 194 порази.
Највпечатлива сезонава во неговата кариера, а и во историјата на Арсенал е 2003 – 2004 кога „топчиите“ станаа шампиони на Англија без пораз. Во 2006-та под водство на Венгер, Арсенал загуби во Финалето на Лигата на шампионите од Барселона, а со четвртото место во домашното првенство сезонава, седумнаесет пати по ред обезбеди директно учество или квалификации за најелитното европско натпреварување.
Во очекување на буџет за засилувања за наредната сезонава од околу 100 милиони фунти, Арсенал и Венгер по пауза од девет години донесоа пехар на „Емирати“ со победата во финалето на ФА купот против Хал по продолженија.
