МВР

Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога, приведен дилер

11.11.2023 11:00

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода Т.К.(35) од Гевгелија.

Вчера, во 11.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода Т.К.(35) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и семки од канабис.

За настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на истиот против Т.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.