Шукова: Главен еколошки предизвик основната инфраструктура за управување со отпад, нов проект за воздухот со европски пари
Во Скопје се одржа социоеколошки форум. Констатирано дека енергетската транзиција треба да обезбеди заштита на животната средина, но и социјална правда. За земјава, најголем еколошки предизвик е управувањето со отпадот. Во извештајот на Брисел, во делот на животната средина имаме само ограничен напредок.

Управувањето со отпадот е еден од главните еколошки предизвици со кој се соочува државава. Се работи на воспоставување основна инфраструктура преку примарна селекција да се намалат количините кои ќе се депонираат на новите централни депонии кои ќе бидат по европски стандарди – вели министерката за животна средина Каја Шукова.
Мора да постои институционална соработка за надминувањето на еколошките проблеми – вели заменик градоначалникот на Малме кој е роден и живеел до шестата година во Скопје.
Ќе се подобрува квалитетот на воздухот во Тетово, Куманово, Скопје и Битола со европски пари, најави Шукова. Пет милиони евра ќе се искористат за замена на нееколошките со еколошки системи во јавните објекти.
Министерката апелира граѓаните да внимаваат што горат кога се затоплуваат, бидејќи и тие загадуваат.
Александра Велинова
