Пендаровски: Јавниот наспроти поединечниот интерес
Лавина реакции откако Граѓанскиот суд ја објави пресудата против ИРЛ за сторијата „Заговор против воздухот“. Се огласи и претседателот Пендаровски – вели, граѓаните имаат право да очекуваат судиите кога пресудуваат да ја почитуваат слободата на изразување.

Лавина реакции откако Граѓанскиот суд ја објави пресудата против ИРЛ за сторијата „Заговор против воздухот“, по тужбата за клевета и навреда, поднесена од поранешниот вицепремиер Анѓушев.
За судот, ИРЛ нема својство на медиум, а неговите членови не може да се претставуваат како новинари. ЗНМ реагира – пресудата е срамна и го спори фактот дека граѓанските здруженија смеат и можат да бидат медиуми во Македонија, што може да се толкува како повик за институционална пресметка со критичките медиуми.
Се огласи и претседателот Пендаровски – вели, граѓаните имаат право да очекуваат судиите кога пресудуваат да ја почитуваат слободата на изразување, и да му дадат приоритет на јавниот наспроти поединечниот интерес. Пендаровски предупреди дека етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање на новинари и медиуми имаше и во минатото, и оти сме сведоци до каде не доведоа таквите процеси.
