Сторија

Војната и менталното здравје на украинските војници

11.11.2023 13:20

Менталното здравје е нарушено и предизвикува моменти на паника. Според психолозите, паниката и душевната затвореност поради војната предизвикува поголем број на жртви меѓу војниците.

Се приближува зимата, на фронталната линија кај Запорожје со украинските војници поради должината на војната работат психолози. Менталното здравје е нарушено и предизвикува моменти на паника.

Левото крило е твое, десното мое. разбра?

Се сеќаваш што се случи? Немаше гранатирање, и потоа ти целосно се затвори. Како се чувствуваш сега? Чувствуваш нешто? Да.

Не те оставам.

Омажи се за мене.

Според психолозите, паниката и душевната затвореност поради војната предизвикува поголем број на жртви меѓу војниците.

„Што ви реков, основно е: поглед, допир и слух. можете да го пробудите човекот чиј мозок е исклучен само со шок. прашувајте го за познати работи за да не мисли многу“, рече Олександар Васја-воен психолог.

На фронтот, се повеќе војници со ментални проблеми. Војната го зема данокот, но луѓето по терапијата повторно се враќаат да се борат.

„Ова е втор ден од моето ментално закрепнување“, Антон-украински војник.

Војниците по враќањето од фронтот, се обидуваат да цртаат како што го прават тоа овие две жени по битката.

„Јас бев на работ на нервен слом, премногу ми се собра. Тогаш побарав помош. Постојат за мене минатото и денешницата, но не и утрешнината, обвиена е во магла како и цела состојба во Украина“, изјави Алјона – пациент.

„Кога имате оружје треба да се грижите за него. мора да се чисти. Така е и со душата. Ако не работите на неа, ќе се затворите во себе и станувате психијатриски случај“, изјави Олександар Васја – воен психолог.

Во Украина секоја бригада има мобилен психолошки тим кој и помага на војската за справување со предизвиците на менталното здравје. Психолозите решаваат кому му e потребна индивидуална поддршка со терапија или пак, треба само да се одморат од секојдневието на војната.

Зоран Богатинов