Партии

Албанската опозиција бара оставки по извештајот

11.11.2023 13:28

Според нив, одговорност за лошиот извештај имаат Груби, Маричиќ, Османи и Лога, од кои бараат оставка. Европскиот сојуз бара целосно редефинирање на правосудните органи и коренити реформи за владеење на правото...

Опозиционерите од албанскиот кампус, обединети во Европски сојуз, по извештајот од Брисел бараат распуштање на Собранието и споени, претседателски и парламентарни избори.

Според нив, одговорност за лошиот извештај имаат Груби, Маричиќ, Османи и Лога, од кои бараат оставка. Европскиот сојуз бара целосно редефинирање на правосудните органи и коренити реформи за владеење на правото. Ваквите барања тие ги условуваат со поддршката за уставните измени.

 Од друга страна, во СДСМ сметаат дека има напредок во 81 процент од поглавјата и оти е тоа направено и покрај блокадите на опозицијата. Од СДСМ велат дека реформите ќе продолжат и оти првиот трансфер на парите од планот за економски раст, каде што за Македонија се предвидени милијарда евра, ќе се случи за пет месеци.