Македонија

Вељаноски: Собранието го доби најлошиот и најнегативниот Извештај од ЕУ

11.11.2023 13:48

Поранешниот претседател на законодавниот дом, Трајко Вељаноски. Тој вели дека Собранието го добило најлошиот и најнегативниот извештај досега во делот на законодавната власт.

Се огласи и поранешниот претседател на законодавниот дом, Трајко Вељаноски. Тој вели дека Собранието го добило најлошиот и најнегативниот извештај досега во делот на законодавната власт.

Според него, тоа е резултат на злоупотребата на европското знаменце, што како практика почнало со законот за употреба на јазиците.

Тој ги наведе и неставањето на законите предложени од опозицијата на дневен ред, пробивањето на роковите со интерпелациите, одолговлекувањето со разгледување на извештаите на независните регулаторни тела, нефункционалниот Е-парламент.