Хрватска
Хрватскиот министер за одбрана, Баножиќ, повреден во сообраќајна несреќа
11.11.2023 13:53
Хрватскиот министер за одбрана, Марио Баножиќ изутрина доживеа сообраќајна несреќа, во којашто едно лице го загуби животот.

Хрватскиот министер за одбрана, Марио Баножиќ изутрина доживеа сообраќајна несреќа, во којашто едно лице го загуби животот.
Министерот го управувал своето возило, кое се судрило со комби. Загинал возачот на комбито. Несреќата се случила во 6.15 часот на излезот од Винковци во правец кон Жупања.
Баножиќ е пренесен во болница на одделот за интензивна.
