Ракомет

Горди и со најдобрите млади сили

30.05.2014 18:36

26 193 гласаа за кој млад ракометар ќе биде најдобриот, а кој уште 6 ќе му се приклучат во формирањето на идеалната ракометна млада седморка.

Одлкуката гласи, Алекс Душебаев (21г.) шпанскиот и вардаров деснен бек е најдобриот планетарен млад ракометар.

Она што посебно радува, е дека во тимот најдобри е македонското лево крило и ракометар на македонскиот шампион Металург, Дејан Манасков(21г.).

Душебаев се издвојува како нај меѓу останатите по најмногу собраните гласови, а дел од заслугите ги собра и со неговите 44 гола постигати во шампионската лига.

НАЈДОБРИ СЕДУМ МЛАДИ РАКОМЕТАРИ ЗА СЕЗОНАТА 2013/2014

ГОЛМАН: Петер Јоханесон  (Савехоф)

ЛЕВО КРИЛО: Дејан Манасков  (Металург)

ЛЕВ БЕК: Ласен Андерсен (КИФ Колдинг)

СРЕДЕН БЕК: Џим Готфридсон (Флензбург)

ДЕСЕН БЕК: Алекс Душебаев (Вардар)

ДЕСНО КРИЛО: Богдан Радивојевиќ (Флензбург)

ПИВОТ: Тео Чориќ (Загреб)