САД
ФБИ ги заплени телефоните на градоначалникот на Њујорк, ја истражува соработката со Турција
11.11.2023 16:41
Агентите на ФБИ заплениле телефони и електронски уреди на градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс. Станува збор за истрага поврзана со финансирањето на неговата кампања...

Агентите на ФБИ заплениле телефони и електронски уреди на градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс. Станува збор за истрага поврзана со финансирањето на неговата кампања и сомнежот за корупција.
Со истрагата треба да се утврди дали Адамс во кампањата во 2021 година, се договарал со турската влада и со турски државјани. Адвокатот на Адамс рече дека тој активно соработува со истражните власти.
Минатата недела, агенти на ФБИ упаднаа во домот на собирачот на средства за кампањата и запленија компјутери, мобилни телефони и документи.
