Издржавме психолошки, бевме храбри, подаривме сет со две топки за да го освоиме, но успеавме. Преку Калиш, македонските одбојкари останаа на пат кон Валбжих. Полјаците најавија дека ќе грешат уште на почетокот кога нашата репрезентација поведе со 7-1.
Останати спортови
Блог вести
-
Останати спортови 07.08.2015 20:04
-
Останати спортови 31.07.2015 15:28
ЗОИ 2022 во Пекинг
Пекинг ќе биде првиот град домаќин и на Летни и на Зимски Олимписки Игри. На 128-та Сесија на ИОК во Куала Лумпур, Претседателот на ИОК Томас Бах објави дека кинеската престолнина ќе биде организатор на Зимските Игри во 2022. Во надгласувањето извиси главниот град на Казахстан, Алмати.
-
Останати спортови 25.07.2015 15:44
Ниту Данците не треба да бидат закана
Откако загубија на воведните гостувања во Естонија, македонските одбојкари двапати го совладаа Израел, а и овој викенд имаат идентични планови во соочувањето со Данска во арената „Борис Трајковски“.
-
Останати спортови 20.07.2015 20:45
Прва етапна победа за Плаза во Франција
Шпанецот Рубен Плаза Молина победи на 16 етапа на “Тур Д’Франс“ што се возеше на релација Бур Де Пиж –Гап во должина од 201 км.
-
Останати спортови 20.07.2015 15:51
Повеќе симпатии, поголема поддршка, поискрен однос
Полесно се дише со две победи без загубен сет и од четвратата позиција на табелата. Македонските одбојкари го архивираа Израел во Европската лига. Шесте бода не гарантираат ништо, но се првиот од трите потребни чекори на домашен терен.
-
Останати спортови 18.07.2015 19:13
Дали и кога некој ќе го нападне Фрум?
Британецот со кениско потекло жолтата маичка ја презеде по 7-та етапа,во 10-тата со феноменален триумф ја зголеми предноста во однос на конкурентите и со фантастична подршка од своите колеги од екипата без проблем се одржува на врвот во поредокот во очекување на Париз и елисејските полиња.
-
Останати спортови 18.07.2015 10:09
Без право на грешка!
Полуфиналето од ланскиот дебитантски настап е достижно и покрај воведните порази од Естонија минатиот викенд. Ништо не е загубено за македонските одбојкари во Европската лига, но денеска и утре против Израел во скопје потребни се шест бода. Со други зборови две победи од 3-0 или 3-1.
-
Останати спортови 16.07.2015 19:09
Родригез победник на етапата, Фром и натаму сигурен лидер
Шпанецот Жоаким Родригез е победник на 12 етапа на велосипедската трка Тур Д‘Франс, што се возеше на релација Ланмеза – Плато ди Бел во должина 195км.
-
Останати спортови 16.07.2015 15:56
Силен победнички императив против Израел
Двата пораза во Естонија не ја менуваат конечната цел. А за да можат да се надеваат на полуфинале во Европската лига, македонските одбојкари треба да освојат максимални 18 бода во Скопје. Тоа значи две победи викендов против Израел, без загубени два сета во еден натпревар.
-
Останати спортови 16.07.2015 11:04
Франција сензационална, Италија добитна
Амбиент, раскошна одбојка, неочекувани резултати! Почетокот на 26-то завршно издание од Светската лига во одбојка во Рио е најава за максимално возбудлив турнир на шесте светски одбојкарски велесили.










