Од синоќешните 8 натпревари од ЛШ во фокусот беше пресметката во Минхен, во која Баерн го детронизира Арсенал. Баварците најавија реванш за поразот пред 15 дена и го истурија гневот врз “топчиите“ кои ги испратија со петарда во мрежата.
Спорт
-
Фудбал 05.11.2015 14:28
-
Кошарка 04.11.2015 15:48
Победнички императив за Куманово против КТП
Вицешампионското место во ланското првенство го охрабри Куманово наместо во балкански, сезонава да се тестира во континентални рамки, во ФИБА Европа купот. Откако загуби на гостувањето кај Турк Телеком со 22 коша, македонскиот претставник денеска ќе го пречека КТП.
-
Фудбал 04.11.2015 11:29
Арсенал „се вади“ во Минхен
Нов судир на „големите“ од Ф групата! Баерн Минхен-Арсенал, 10-ти пат во Лигата на шампионите! Фудбал за уживање! Пред две седмици во Лондон, Арсенал се издигна над неволјите со кои се судри на стартот од Лигата на шампионите.
-
Фудбал 03.11.2015 17:31
Вардар против Шкендија во 1/4-финалето
Посакуваа да се избегнат но за еден од двата во моментов најдобри фудбалски клуба кај нас, трофејот од купот на Македонија ќе остане само сон. Ждрепката сакаше Шкендија и Вардар меѓу себе да се сретнат уште во четвртфиналето од најмасовното клубско фудбалско натпреварување кај нас.
-
Кошарка 03.11.2015 17:27
Леброн соборува рекорди
Четири гостински победи, новиот рекорд на Леброн Џејмс кој стана најмлад играч во историјата на НБА со 25.000 постигнати поени и триумфот на Голден Стејт над Мемфис изразен со 50 поени разлика беа главното обележје на 7-те средби одиграни во американската професионална кошаркарска лига.
-
Фудбал 02.11.2015 18:30
Нови репрезентативни имиња нема, но Ангеловски има стратегија
По најлошиот циклус квалификации, по серијата од 11 натпревари без победа, меѓу нив девет порази, промените во фудбалската репрезентација на Македонија беа логични. Новиот селектор, Игор Ангеловски ќе се обиде за почеток да го сопре тонењето.
-
Ракомет 02.11.2015 18:27
Задоволство, но не и еуфорија
Кога ќе се победи шампионот на Данска, тогаш задоволство е големо. Сепак, најважно е што ракометарките на Вардар го демонстрираа несомнениот квалитет и ја вратија самодовербата пред гостувањата кај Митјиланд и кај Ѓер во Лигата на шампионите.
-
Кошарка 31.10.2015 21:07
Лекцијата не е научена, пораз по ист рецепт и во Ново Место
72:68 за Крка. Се што изградија во првите 20 минути, урнаа за само 5 во третиот период, кошаркарите на МЗТ Скопје. Во многу нешта, овој загубен меч наликуваше на оние кај Мега и Партизан, па сега може слободно да се прашаат себе си што ќе беше ако од тие три средби извлечеа три победи.
-
Кошарка 30.10.2015 15:59
МЗТ на гости кај Крка
Аеродромци немале серија од три јадрански победи, не паметат од кога. МЗТ игра во одлична форма во регионот, по неубедливиот старт на четвртата регионална сезона. Но, следниот противник е еден од „незгодните“ за македонскиот шампион.
-
Кошарка 30.10.2015 15:58
Три средби во НБА понудата, сите на линијата на возбудата
Клиперс ја забележаа и втората победа во новиот шампионат, со убедлив перформанс против Далас, 104:88. На фронталната линија беа Де Андре Џордан и Дирк Новицки, кои што неколку пати директно се пресметаа, за среќа само кошаркарски.









