Најсилно вечерва ќе грми на „Емирати“ во Лондон. Арсенал за да излезе од стапицата во која е фатен не смее да загуби од Баерн. По поразите од Динамо Загреб и Олимпијакос, „топџиите“ остануваат без избор, ќе мораат да го нападнат германскиот фудбалски џин!
Спорт
-
Фудбал 20.10.2015 13:45
-
Тенис 18.10.2015 21:20
Продолжува доминацијата на “Ноле“
Новак Ѓоковиќ продолжува со жетвата трофеи на врвните турнири во најуспешната сезона во кариерата. Во финалето на Мастерс турнирот во Шангај најдобриот светски рекет го совлада французинот Жо Вилфред Цонга во два сета со 6 :2 и 6 :4 за само 78 минути игра.
-
Кошарка 18.10.2015 21:18
Победа во Никшиќ над Сутјеска
Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа третата победа во шестиот натпревар во Јадранската лига сезонава, прва на гостински терен. Во Никшиќ, македонскиот првак славеше над Сутјеска со 77-68.
-
Ракомет 18.10.2015 20:25
Вардар потклекна пред Колдинг
Вардар го загуби перфектниот биланс, откако по најлошото издание годинава во Лигата на шампионите беше поразен од Колдинг Копенхаген со 33-31. -
Останати спортови 17.10.2015 20:04
Почна „битката на умовите“
Под мотото „битка на умовите“, Скопје ја собра шаховската елита во Европа. Во наредните седум дена, во нашиот главен град, најдобрите екипи на континентот ќе се бодат за титулата на Европскиот клупски куп 2015-та.
-
Фудбал 16.10.2015 19:13
Игор Ангеловски нов селектор на фудбалската репрезентација
Игор Ангеловски ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Македонија на пријателските натпревари против Црна Гора и Либан закажани за следниот месец во Скопје.
-
Тенис 16.10.2015 16:53
Надал подобар од Вавринка, Ѓоковиќ сигурен а Мареј го “преслуша“ Бердих
На Мастерс турнирот во Шангај од серијата АТП 1000 се формираа 1 /2финалните двојки. Рафаел Надал го одигра најдобриот меч по враќањето од повредата и експресно го елиминира Станислас Вавринка со 6 :2 и 6 :1 за само 63 минути игра.
-
Ракомет 15.10.2015 16:51
Шафхаузен и Елеврум ќе го отворат петтото коло
Ракометарите на Вардар имаат максимален ефект во Лигата на шампионите пред гостувањето кај Колдинг в недела. Металург оствари половичен биланс, но остави добар впечаток во групата „Де“, во којашто израмнетоста на екипите е надеж дека македонскиот тим може да стигне до елиминациите.
-
Фудбал 15.10.2015 16:50
Друловиќ заминува!
Репрезентативниот фудбалски брод незапирливо тоне, а прв најверојатно ќе го напушти капетанот. Селекторот Љубинко Друловиќ има понуда да биде тренер на Партизан и извесно е дека ќе ја прифати. Тоа значи дека Македонија ќе има нов фудбалски кормилар.
-
Останати спортови 15.10.2015 10:54
Светскиот и европскиот првак, елиминирани
Неочекувано ¼ финале! Светскиот шампион Полска и европскиот првак Русија останаа во чистилиштето. Италија, Бугарија, Франција и Словенија е квартетот кој ќе учествува во распределбата на медалите на 29-то Европско првенство, чија завршница ќе се одигра во Софија.









