Итни разговори меѓу Вашингтон и Техеран во Мускат, Оман. Според американската администрација, преговорите треба да ги опфатат не само нуклеарните активности на Иран, туку и балистичките ракети, поддршката на регионални милитантни групи и односот на властите кон населението.
-
Свет 06.02.2026 08:53
-
Свет 05.02.2026 20:23
Нов трилатерален сојуз за снабдување со минерали
САД, ЕУ и Јапонија воспоставија стратешко партнерство за подобрување на снабдувањето со критични минерали, со цел зајакнување на безбедноста, намалување на зависноста од Кина и поддршка на нови рударски и рециклирачки проекти.
-
Свет 05.02.2026 15:49
„Нов СТАРТ“ истече, ООН бара дијалог за рамка
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен удар за меѓународниот мир и ги повика Русија и САД да започнат преговори за нова рамка за контрола на нуклеарното оружје, откако договорот истече на полноќ, оставајќи ги двете земји без обврзу
-
Свет 05.02.2026 14:42
Втор ден од преговорите Русија – Украина во Абу Даби
Второ продолжение од новата рунда мировни преговори меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби, со надеж дека дијалогот ќе го намали јазот меѓу Киев и Москва околу клучните територијални отстапки и чекорите за крај на војната.
-
Свет 05.02.2026 14:23
Вашингтон повлекува 700 агенти
Американската администрација повлекува околу 700 агенти на федералната имиграциска служба од Минесота по масовните протести и смртта на двајца цивили, но целните имиграциски операции и политиката на масовни депортации продолжува-соопшти шефот на федералните гранични сили Хоман.
-
Свет 05.02.2026 11:30
САД и Иран на разговори во Оман
САД и Иран се согласија да одржат разговори утре во Оман, иако имаат несогласувања околу темите — Вашингтон инсистира на вклучување на иранскиот ракетен арсенал, додека Иран сака да се фокусира само на нуклеарната програма.
-
Свет 05.02.2026 08:39
Во Абу Даби продолжение од новата рунда мировни преговори меѓу САД, Украина и Русија
Второ продолжение од новата рунда мировни преговори меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби. Вашингтон потврди дека е постигнат напредок, но дека остануваат нерешени најтешките прашања.
-
Свет 04.02.2026 17:07
Жртви во судир на глисер и патролен брод
Најмалку 15 лица загинаа во судир меѓу глисер со мигранти и патролен брод на грчката крајбрежна стража кај островот Хиос.
Од морето се извлечени 14 тела, а уште 25 мигранти, меѓу кои 11 деца, се спасени. Во инцидентот се повредени и двајца офицери на крајбрежната стража.
-
Свет 04.02.2026 16:12
Во Абу Даби се одржува нова рунда мировни преговори меѓу Украина, Русија и САД
Во Абу Даби зад затворена врата нова рунда мировни преговори меѓу Украина, Русија и САД, овојпат со, како што најави Киев, променета преговарчка стратегија по руското прекршување на енергетското примирје со синоќешните масовни напади.
-
Свет 04.02.2026 14:29
Убиен синот на поранешниот лидер Моамер Гадафи
Сеиф ал-Ислам Гадафи, син и некогашен наследник на Моамер Гадафи, е убиен во градот Зинтан во западна Либија.










