• Свет 22.08.2017 11:33

    Пожар на Ростов на Дон

    120 згради беа опожарени во Ростов на Дон, југозападна Русија. 45 лица се хоспитализирани, вклучувајќи и соработник на министерство за вонредни состојби и полициски службеници, кои помогнаа во борбата против огнот.

  • Свет 22.08.2017 10:51

    Трамп со нова стратегија за Авганистан

    Американскиот претседател Доналд Трамп го зголемува бројот на војници во Авганистан. Претставувајќи ја новата воена стратегија во базата Форт Маерс, Трамп потенцираше дека целта на обновениот план е да се спречи засолнувањето на групите кои сакаат да ги нападнат САД.

  • Свет 22.08.2017 10:28

    Убиен напаѓачот од Барселона

    Шпанската полиција го застрела Јунес Абујакуб, главниот осомничен за нападите во Барселона. 22- годишниот Мароканец со комби прегази пешаци, усмртувајќи 13 лица.

  • Свет 21.08.2017 16:07

    Шпанија: Бројот на загинати се искачи на 15, се трага по Абујакуб

    22-годишниот Јунес Абујакуб од Мароко го управувал возилото со кое беа убиени 13 цивили на шеталиштето Ла Рамбла во Барселона. Медиумите објавија снимки на кои се гледа како смирено заминува од местото на злосторот.

  • Свет 21.08.2017 15:20

    Офанзива на последното големо упориште на ИД

    Ирачката војска зазеде девет села во првиот ден од офранзивата на Тал Афар, последното големо упориште на Исалмска држава во покраината нинива на северот од земјата.

    Пред еден месец, војската го исчисти и соседен Мосул, најголемиот град кој беше под контрола на џихадистите.

  • Свет 21.08.2017 13:07

    Заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореја

    САД и Јужна Кореја на нова заедничка воени вежба поради растечките закани од Пјонгјанг. Маневрите се одвиваат по кодното име „Улчи – бранител на слободата“. Ќе траат до крајот на месецов. Учествуваат 50 илјади јужнокорејски војници и речиси 17.500 американци.

  • Свет 21.08.2017 11:24

    Берлин: Одлуката за отворање на Германија за бегалците е исправна

    Германската канцеларка Ангела Меркел повтори дека треба да се отворат границите за уште стотици илјади бегалци.

    Нејзиниот став останува непроменет во однос на мигрантската политика, потенцирајќи дека Владата презема мерки да не с еповтори кризата.

  • Свет 21.08.2017 10:20

    САД и Јужна Кореја на заеднички воени вежби

    И покрај зголемените тензии на Корејскиот полуостров, САД и Јужна Кореја ги почнаа заедничките воени вежби кои ќе траат до крајот на месецов. Во маневрите наречени „Улчи - бранител на слободата“ учествуваат 50.000 јужнокорејски војници и 17.500 американски војници.

  • Свет 18.08.2017 14:53

    Расте бројот на жртви во терористичкиот напад во Барселона

    Полицијата контролира неколку места во североисточната покраина Каталонија откако во нападот во Барселона од Исламска држава загинаа десетина лица, како и по пукотниците во приморскиот град Камбрилс каде што се ликвидирани петмина напаѓачи кои наводно планирале втор инцидент.

  • Свет 18.08.2017 13:34

    Во терористичкиот напад во Барселона загинаа државјани од 18 земји

    Полицијата контролира неколку места во североисточната покраина Каталонија откако во нападот во Барселона од Исламска држава загинаа 13 лица, како и по пукотниците во приморскиот град Камбрилс каде што се ликвидирани петмина напаѓачи кои наводно планирале втор инцидент.

Pages