• Свет 31.08.2017 12:43

    „Индепендент“: Сеул обучува специјалци да го убијат Ким

    „Јужна Кореја обучува специјалци да го убијат севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун и неговите советници, а стратегијата е дел од серија мерки со кои Сеул би му се одмаздил на Пјонгјанг во случај на напад“, пишува британски „Индепендент“, повикувајќи се на корејските медиуми.

  • Свет 31.08.2017 12:30

    Пентагон: Во Авганистан има 11.000 американски војници

    Пентагон тврди дека во Авганистан се распоредени 11 илјади војници откако беше објавена бројка од 8.400, согласно со максимумот наложен од администрацијата на поранешниот претседател на САД Барак Обама.

  • Свет 31.08.2017 12:12

    Катарска криза: Трамп бара решение од Кралот Салман

    Американскиот претседател Доналд Трамп бара дипломатско решение за заливската криза. Белата куќа соопшти дека Трамп разговарал телефонски со саудискиот крал Салман.

  • Свет 31.08.2017 11:22

    Тропски бури над источниот Атлантик и во близина на Мексико

    Тропската бура Ирма постепено зајакнува над источниот дел на Атлантскиот Океан. Иако се очекува да премине во ураган, се уште не е издадено предупрадувања за опасност.

  • Свет 31.08.2017 10:15

    Тексас: Опасност од експлозија по ураганот Харви

    Властите во Кризби, Тексас предупредија дека во наредните 6 дена може да се случи експлозија во одделот за хемикалии на компанијата Аркема откако прекина снабдувањето со електрична енергија во тропската бура Харви.

  • Свет 30.08.2017 15:26

    Венецуела: Со декрет се бара судење на опозиционерите

    Новото собрание на Венецуела, составено само од приврзаниците на претседателот Николас Мадуро изгласаа декрет со кој лидерите на опозицијата и политичките противници ќе се судат за предавство.

  • Свет 30.08.2017 13:16

    Ураганот Харви се врати во Луизијана

    Луизијана повторно на удар на ураганот Харви. Жителите на Њу Орлеанс кои ја одбележуваат 12– годишнината од разорната Катрина се подготвуваат за тропската бура којашто, според прогнозите, ќе се интензивира во наредните денови.

  • Свет 30.08.2017 11:31

    Пјонгјанг ја потврди пробата, ООН со осуда

    Официјален Пјонгјанг го потврди тестирањето на балистичката ракета „Хвасонг-12“ со среден дострел и најави нови лансирања на проектили кон Тихиот Океан. 

  • Свет 30.08.2017 10:42

    Иран не дозволува контрола на воените локации

    Иран не дозволува контрола на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија на нивните воени локации. Претседателот Рохани го одби предлогот на САД, потенцирајќи дека односите со агенцијата се дефинирани исклучиво со правила.

  • Свет 30.08.2017 10:19

    Хјустон: Воведен полициски час за да се спречат грабежите

    Властите на градот Хјустон воведоа ноќен полициски час поради ураганот „Харви“. Од одлуката се изземени волонтерите, спасувачките екипи и оние кои работат во периодот на кој се однесува забраната за движење. Целта е да се спречат кражби во евакуираните области.

Pages