• Свет 08.05.2017 12:58

    Русија поднесе предлог- резолуција за создавање зони за деескалација во Сирија

    Русија во Советот за безбедност на ОН поднесе предлог резолуција за поддршка на меморандумот за создавање „безбедни зони“ во Сирија, што беше потпишан на меѓународната средба во Астана.

  • Свет 08.05.2017 12:08

    Баша: Нема да има избори на 18 јуни

    Лидерот на албанската опозициска Демократска партија (ПД), Љуљзим Баша изјави дека во Албанија нема да има избори за нов состав на Парламентот.

  • Свет 08.05.2017 11:56

    Убиен е лидерот на Исламска држава во Авганистан

    Лидерот на авганистанскиот огранок на терористичката група Исламска држава, Абдул Хасиб е убиен во операција на авганистанските специјални сили. По негова наредба се организирани бројни напади, меѓу кои и масакрот во воената болница во Кабул, извршен од борци маскирани како лекари.

  • Свет 08.05.2017 10:54

    Втора регионална победа на партијата на Меркел

    Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел ги поразија Социјалдемократите на изборите во покраината Шлесвиг- Холштајн во северна Германија со што се зголемија шансите да победат и на парламентарните избори во септември.

  • Свет 08.05.2017 10:50

    Макрон е новиот претседател на Франција

    Еманеул Макрон е избран за нов претседател на Франција, според првите проекции на изборните резултати, тој доби 65,5 отсто од гласовите.

  • Свет 08.05.2017 08:05

    Емануел Макрон- нов претседател на Франција

    Лидерот на центристичката партија Напред (ЕМ), Еманеул Макрон е избран за нов претседател на Франција со освоени 66,06 отсто од гласовите на вчерашниот втор круг од претседателските избори, соопшти рано изутринава француското Министерство за внатрешни работи по пребројувањето на 99,99 отсто од гл

  • Свет 05.05.2017 16:16

    Избори во Франција: Европските лидери со поддршка за Макрон

    Најголемиот број од европските лидери, гледано од Брисел или Стразбур, имаат позитивен став за Емануел Макрон и отворено се надеваат дека тој ќе победи во недела, наспроти канидатката на Националниот Фронт, Марин Ле Пен.

  • Свет 05.05.2017 14:10

    Успех на конзервативците на Меј на локалните избори

    Конзервативната партија на британската премиерка, Тереза Меј е победник на вчерашните локални избори во Англија, Велс и во Шкотска.

  • Свет 05.05.2017 12:55

    ЕУ му посака среќа на Макрон во вториот изборен круг

    Европските лидери пред неделниот втор круг од претседателските избори во Франција застанаа на страната на центристичкиот и проевропски кандидат Емануел Макрон и против политиката на „уништувањето на ЕУ“ на ултрадесничарката Марин Ле Пен.

  • Свет 05.05.2017 11:38

    Во Венецуела убиен лидерот на студентите

    Непознати лица синоќа го убиле претседателот на Националната студентска организација на Венецуела. Убиството на Хуан Лопез било извршено на Технолошкиот факултет во државата Ансоатеги.

    Со смртта на Лопез, бројот на убиени во протестите во Венецуела е 37. Повредени се повеќе од 700.

Pages