Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во вториот настап пред вработените во Стејт Департментот истакна што администрацијата на Доналд Трамп очекува од надворешната политика.
-
Свет 04.05.2017 10:18
-
Свет 04.05.2017 10:11
Меј: ЕУ се обидува да се меша во британските избори
Британската премиерка Тереза Меј ги обвини европските политичари, ЕУ и медиумите во Европа дека и се закануваат на Велика Британија во обид да влијаат врз резултатот од претстојните парламентарни избори во земјата.
-
Свет 03.05.2017 16:52
Ердоган побара од Русија да ги укине трговските санкции за Турција
Претседателот на Турција, Ердоган побара од Русија да ги укине трговските санкции за Анкара, за да се нормализираат билатералните односи.
-
Свет 03.05.2017 13:05
Британија: Не ни паѓа на ум да плаќаме 100 милијарди евра
Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис изјави дека Велика Британија нема намера да плати 100 милијарди евра за излез од Европската унија. Дејвис рече дека барањето на ЕУ за финансиска спогодба со Лондон е зголемено за 60 милијарди евра.
-
Свет 03.05.2017 12:00
Трамп и Путин разговараа за создавање безбедносни зони во Сирија
Американскиот претседател Трамп и неговиот руски колега Путин „ги разгледале перспективите“ за создавање на безбедносни зони во Сирија, како една од мерките за постигнување траен мир во земјата, соопшти Белата Куќа.
-
Свет 03.05.2017 11:53
Четворица загинати во напад врз Конвој на НАТО во Кабул
Најмалку четири лица загинале, а 22 биле ранети при самоубиствен бомбашки напад врз конвој возила на силите на НАТО во авганистанскиот главен град Кабул.
-
Свет 03.05.2017 10:09
Најмалку 46 загинати во напад на ИД врз бегалси камп во Сирија
Најмалку 46 луѓе загинале во напад на Исламска држава врз бегалски камп во сириската провинција Хасака.
Според сириски извори најмалку петмина напаѓачи од ИД активирале експлозив што го носеле на себе во близина на кампот во кој има околу 300 семејства на ирачки и сириски бегалци.
-
Свет 02.05.2017 16:21
Франција в недела гласа за претседател на земјата
Кандидатката на крајно десничарскиот Националниот фронт на својот последен голем митинг во Вилпант, пред вториот круг од претседателските избори, беше поддржана од својот нов сојузник, Никола Дипон Ењан.
-
Свет 02.05.2017 14:50
Ердоган: Референдум за членството во ЕУ
Турскиот претседател Ердоган изјави дека неговата земја на референдум ќе решава за членството во ЕУ. Тој ја обвини Унијата дека не е искрена ниту чесна, и дека ја држи Турција да чека пред нејзината врата.
-
Свет 02.05.2017 14:12
Грција и кредиторите постигнаа договор
Грција постигна договор со меѓународните кредитори за нов пакет на мерки за штедење, во замена за добивање на следната транша финансиска помош. Договорот опфаќа зголемување на даноците, намалување на пензиите како и реформи на пазарот на трудот и енергетиката.










