Новиот парламент на Косово ја одобри владата на Албин Курти, со што заврши повеќе од една година политички ќорсокак. Кабинетот доби 66 гласа „за“, а 49 пратеници гласаа против.
-
Свет 12.02.2026 09:16
-
Свет 12.02.2026 08:40
САД: Имаме опции, но се стремиме за договор со Иран
Американскиот потпретседател Венс изјави дека САД имаат „друга опција на маса“ ако не се постигне договор со Иран за спречување на нуклеарно оружје. Тој додаде дека Трамп им наложил на преговарачите да се стремат кон договор и дека преговорите ќе продолжат додека тој не одлучи поинаку. -
Свет 11.02.2026 14:38
Насилни протести на опозицијата во Тирана
Протестот на албанската опозиција во Тирана прерасна во судири со полицијата откако демонстрантите фрлаа молотови коктели кон владината зграда на премиерот Рама, по што полицијата интервенираше со водени топови и солзавец. Повредени се најмалку четворица полицајци.
-
Свет 11.02.2026 13:58
Масовно пукање во средно училиште во канадската покраина Британска Колумбија
Стравотна трагедија во малото канадско гратче Тамблер Риџ во покраината Британска Колумбија. Девет лица се убиени, 25-мина се ранети во масовното пукање кое се случи во средно училиште. Две од жртвите се пронајдени на друга локација, во куќа, за која се верува дека е поврзана со нападот.
-
Свет 11.02.2026 12:15
Вашингтон со нови закани до Техеран ако пропаднат разговорите
Вашингтон верува дека Иран сака да постигне договор за нуклеарната програма. Во услови на зголемени тензии и отворена можност за воен одговор од САД, Трамп вели дека би било глупаво Техеран да не го стори тоа. Доколку разговорите не успеат, се закани со остар одговор.
-
Свет 11.02.2026 11:21
Зеленски: Мора да бидеме слушнати од Европа и САД
Руските дронови и ракети продолжуваат да напаѓаат цели во Украина, додека Киев најавува реорганизација на воздушната одбрана и зајакнување на армијата.
-
Свет 11.02.2026 09:46
Трамп: Договор со Техеран или воен одговор
Вашингтон верува дека Иран сака да постигне договор за нуклеарната програма. Во услови на зголемени тензии и отворена можност за воен одговор од САД, Трамп вели дека би било глупаво Техеран да не го стори тоа. Предупреди на остар одговор доколку разговорите не успеат.
-
Свет 11.02.2026 09:38
Канада: Жртви и повредени во пукање во средно училиште
Деветмина убиени и 25 повредени во масовно пукање во средно училиште во канадската покраина Британска Колумбија. Освен во училиштето, полицијата пронашла жртви и на друга локација во куќа за која се верува дека е поврзана со нападот. По крвавиот инцидент, напаѓачот се самоубил.
-
Свет 10.02.2026 11:37
Нетанјаху утре во Вашингтон на разговори за Иран
Израелскиот премиер Нетанјаху утре ќе се сретне со американскиот претседател Трамп во Вашингтон за разговори за иранската нуклеарна програма.
-
Свет 10.02.2026 09:49
Фронтот гори и покрај напорите на мир во Украина
Руските сили напредуваат кон северниот дел на Покровск, додека воздушните напади продолжуваат низ Украина.










