Мултиетничкиот Ссиндикат на образованието соопшти дека Синдикалната организација на рударите во рудникот САСА од Македонска Каменица решила да штрајкува на 14-ти март од 7 часот пред Управната зграда.
-
Економија 12.03.2018 15:00
-
Економија 12.03.2018 11:07
Владин економски тим на средба со бизнисмени од ССК
Владин економски тим денеска ќе има состанок со претставници на компании- членки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) за предизвиците во економијата за малите и средни претпријатија.
-
Економија 09.03.2018 15:38
УЈП: Уште четири дена граѓаните да ги пријават приходите
Трка со време или балкански менталитет. Помалку од пет работни дена до крајниот рок, а над третина од граѓаните што оствариле дополнителни приходи сѐ уште немаат поднесено даночна пријава. Обврската ја завршиле околу 235 илјади. Само 1.200 од нив користеле електронски систем.
-
Економија 09.03.2018 14:02
Интензивирање на соработката со ЕБОР
Реформската агенда и поголема реализација на капитални инвестиции се врвни приоритети на владата за годинава. Ќе се интензивира соработката со ЕБОР за реализација на овие цели, премиерот Заев на средба со претставници на Европската банка за обнова и развој.
-
Економија 09.03.2018 12:21
УЈП: Тече рокот за поднесување Годишна даночна пријава
Истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава. Управата за јавни приходи соопшти дека оваа обврска до 15-ти март треба да ја завршат уште над 170 илјади граѓани. Досега се поднесени нешто повеќе од 235 илјади пријави, најголемиот дел во Скопје.
-
Економија 09.03.2018 10:41
Закуп на државно земјиште над три хектари
750 хектари со парцели поголеми од 3 хектари државно земјоделско земјиште се нудат под закуп. Времетраењето за користење на земјиштето е различно.
Идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат површините ќе ги добијат за период од 15 до 70 години.
-
Економија 08.03.2018 16:35
Развој на туризмот преку справување со незаконското работење и нелојалната конкуренција
Државата мора да се справи со дивите туристички агенции, нелегалните станоиздавачи и сите други чинители кои ја создаваат нелојалната конкуренција во угостителската и туристичката дејност.
-
Економија 08.03.2018 15:48
Економијата без раст во 2017-та година
Нула економски раст во 2017-та година, објави Државниот завод за статистика. Стагнирал бруто-домашниот производ.
-
Економија 08.03.2018 13:05
Владата ќе ги мотивира иселениците да инвестираат во Македонија
Ќе се проширува обемот на финансиска поддршка на малите и средни претпријатија. Се предлага младите кои живеат привремено во странство да можат да аплицираат за средства покрај оние предвидени со Предлог- законот за финансиска поддршка на инвестициите, како дополнителна мерка.
-
Економија 08.03.2018 10:41
„Гсол“ ги повикува необезбедените доверители на „Фени“ да ги достават барањата
Компанијата „Гсол“ ги повикува сите необезбедени доверители чии барања се прифатени во стечајната постапка за „Фени“ да ги достават за да може да почне исплатата.










