Германската компанија за електрични апарати „ВИК“ го парафираше договорот со Владата за државна помош. Во инвестицијата тешка шест милиони евра во прилепската развојна зона, ќе произведува кафемати 10 години ослободена од плаќање персонален данок, данок на доход, ДДВ при увоз и царински давачки.
-
Економија 19.02.2018 16:37
-
Економија 19.02.2018 13:16
Годишните сметки ќе се примаат и во сабота
Централниот регистар соопшти дека и во сабота на 24-ти февруари од 8 до 16 часот ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2017-та година во сите градови, освен во Кратово, Крушево и Демир Хисар.
-
Економија 19.02.2018 12:56
Горивата поевтинуваат за 2,5 денари по литар
Цената на горивата од ноќeска на полноќ се намалува за 2,5 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
-
Економија 19.02.2018 12:08
Тевдовски: Нов Закон за буџети со среднорочно буџетирање до крајот на годинава
Нов ревидиран Закон за буџети до крајот на годинава, со кој буџетите ќе се планираат во среднорочна рамка и ќе се создадат услови за воведување фискален совет, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на првиот состанок на Советот за спроведување на Програ
-
Економија 19.02.2018 10:21
Нови критериуми за субвенционирање на житните култури
Производителите на пченица, житни и индустриски култури доколку употребиле сертифициран семенски материјал ќе добијат субвенција од 12.000 денари за хектар за минимум засеана површина од 0,3 хектари.
-
Економија 19.02.2018 07:44
Владата ќе го потпише договорот за државна помош со компанијата „ВИК“
Во Владата на Република Македонија попладне ќе биде потпишан договорот за државна помош со компанијата „ВИК“ која ќе инвестира во Технолошко-индустриската развојна зона Алинци во Прилеп.
-
Економија 16.02.2018 16:19
Половина милион евра од ЕБОР за конкурентен тендер за обновливи извори енергија
Половина милион евра од ЕБОР- техничка помош за подготовка на аукциски систем и за нов тендер за соларни електроцентрали и ветерници.
-
Економија 16.02.2018 15:36
Светската банкарска елита во Скопје
Меѓународниот монетарен фонд бара структурни реформи од Македонија. Приоритет- владеењето на правото и судството, борбата против корупцијата, како и транспарентноста на институциите што треба да ја зголеми довербата во системот и да придонесе за нови инвестиции.
-
Економија 16.02.2018 14:06
Кере: Нема место за страв од нова финансиска криза
Нема место за страв од нова финансиска криза по падот на главните светски берзи, уверуваше Беноа Кере од Европската Централна банка на меѓународната конференција за монетарна политика, што се одржува во Скопје.
-
Економија 16.02.2018 11:11
Светската финансиска елита на меѓународна конференција во Скопје
Светската финансиска елита денеска на меѓународна конференција во Скопје, во организација на Народната банка. Ќе се разговара за глобалниот раст, за инфлацијата, геополитичките ризици и монетарните политики на највлијателните централни банки во светот.










