Претходно напаѓачот бил сместен во приватен центар во местото Ардал и требало да биде вратен во неговата земја. Жртвите се двајца мажи на возраст од 50-тина години и возачот на автобусот, а има и неколкумина повредени.
Изјава полицаец, Норвешка
Доаѓа на покана на Премиерот Никола Груевски. На агендата на Рама, планирани се средби со државниот врв, Претседателот Иванов и со Претседателот на Собранието, Вељаноски. Рама треба да се сретне и со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.
Тепачка синоќа околу 19 и 30 часот избувна меѓу две групи деца кај нова железничка. Едно од нив е повредено и префрлено во ургентниот центар. Констатирани биле телесни повреди. Едната група биле ученици од хемиското средно училиште, а другите од ПТТ.
Момчето кое пред една година го нападна автомобилот на македонскиот Премиер во Тирана денеска се покаја за својата постапка. Таулант Цапа во македонската Влада лично му се извини на Никола Груевски и изрази жалење за инцидентот.