Вести

  • Македонија 06.01.2025 13:42

    Oпожареното возило на новинарката Вренцовска од Охрид, ЗНМ бара итна и темелна истрага

    ЗНМ бара итна и темелна истрага за инцидентот во Охрид, каде било запалено возило на новинарката Сузана Вренцовска. Здружението се сомнева дека станува збор за намерно опожарување. Возилото било запалено синоќа, во гаражата во семејната куќа на новинарката.

  • Македонија 06.01.2025 13:25

    Семејството сплотено на бадникова вечера

    Традиционално, со посна трпеза, прилепчани се подготвуваат за бадниковата вечера. Здружението на жени „Преродба“ веќе 19 години организирано ги негува обичаите и традициите. 
     
    Од Прилеп известува Елизабета Митреска.

     

  • Македонија 06.01.2025 13:20

    Традиционално одбележување на Бадник

    Православните христијански верници денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово-Божик. Неколку години наназад бадниковите поворки, составен дел од празнувањето.

    Од пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ известува, Викторија Милевска.

  • Економија 06.01.2025 12:43

    Скапо или евтино празничните трпези мора да ги има

    Во исчекување на Божик, раздвижено по пазарите и маркетите. Некој испазарил, друг допрва излегол да набави се што му е потребно за бадниковата и божиќната трпеза. Посно или мрсно мора да има. На тезгите – изобилство од продукти. Се негодува ама се купува.

  • Македонија 06.01.2025 12:30

    По претседателското вето, Законот за заштита на децата оди прво на доработка

    Владата прво ќе го доработи, а потоа во собраниска процедура повторно ќе го пушти Законот за заштита на децата. По ветото од претседателката Сиљановска-Давкова, од „Илинденска“ број 2 велат дека ќе ги погледаат забелешките на шефицата на државата.

  • Свет 06.01.2025 12:08

    Партијата на Борисов ги прекина преговорите за состав на бугарска влада

    ГЕРБ-СДС ги прекина преговорите за формирање влада, соопшти синоќа прес-центарот на ГЕРБ.

    „По одбивањето на „Демократска Бугарија“ да ја поддржи првата номинација на ГЕРБ-СДС во лицето на Бојко Борисов за премиер, ГЕРБ-СДС го номинираше Росен Желјазков.

  • Свет 06.01.2025 12:00

    Експлозии кај Запорожје, „падна“ Курахово

    Битките на фронтот во Украина се засилија. Руските сили ја презедоа контролата врз градот Курахов, најголемата населена област во југозападниот дел на Донбас.Експлозии и во близина на нуклеарната централа Запорожје. Продолжуваат и нападите со дронови.

  • Свет 06.01.2025 11:00

    Хамас изрази подготвеност да ослободи 34 заложници

    Хамас изрази подготвеност да ослободи 34 заложници, жени, деца и повозрасни лица кои ги држи во Појасот Газа, како прв чекор од договор за прекин на огнот со Израел.

  • Македонија 06.01.2025 10:15

    Пронајдени мигранти, приведени двајца криумчари

    Синоќа околу 19.30 часот на автопатот Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода А.И.(20) од с. Огњанци, скопско и малолетник од с.

  • Македонија 06.01.2025 09:43

    Без вода дел од Студеничани

    Поради уличен дефект денеска без вода се корисниците од улиците 1 и 2 во село Студеничани.

    Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека водоснабдувањето е прекинато од 07:40 часот до завршување на работните активности.

     

Pages