Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во изградба на автопатот Гостивар-Букојчани (Коридор 8).
Како што соопштија од владината прес-служба по извршување на увидот, Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во изградба на автопатот Гостивар-Букојчани (Коридор 8).
Како што соопштија од владината прес-служба по извршување на увидот, Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Министерството за здравство подготви повеќе важни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се поставени на Единствениот национален електронски регистар на прописи ЕНЕР.
Општина Центар, во рамки на проектот EU4Digital, обезбеди бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, поточно на улицата Боемска и на скверот пред Општината.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари средба со Н.Е. Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадорка на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена силната стратешка соработка меѓу двете земји.
Многу „ако“ за членството на Македонија во ЕУ. Премиерот Мицкоски обелодени дека можно е земјава да стане членка на Унијата во 2027-ма, со учество во сите тела, но без право на глас.
Од Владата појаснуваат:
Угостителите го поддржуваат Законот против пушење, бидејќи е во интерес на јавното здравје, но бараат три години за да се адаптираат. Велат, им треба време на гостите да се навикнат, а нив да ги приспособат терасите на стандардите според законските измени, да бидат отворени од трите страни.
Трошоците за живот, растат побрзо од минималната плата. Втор месец по ред, се зголемуваат за 1.000 денари. На едно четиричлено семејство за да го истурка месецот, за храна, облека, сметки и други основни потреби, му требаат 67.382 денари.
Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам.
Законот за високото образование е отворен за аргументирани забелешки, но не и за дискусии под академско ниво, рече министерката за образование Весна Јаневска.