Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 7, а максималните ќе достигнат од 8 до 15 степени.
Вести
-
Македонија 04.01.2026 08:37
-
Свет 03.01.2026 19:56
Трамп: САД ќе ја водат Венецуела сè додека не се обезбеди „разумна транзиција на власта“
Америка ја нападна Венецуела. Претседателот Мадуро, заедно со сопругата се заробени за време на операцијата и качени на брод за САД – ќе му се суди по обвиненијата поврзани со дрога и оружје.
-
Македонија 03.01.2026 18:51
Муцунски ја поздрави акцијата на САД
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја поздрави акцијата на американските власти за заробување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга.
-
Македонија 03.01.2026 18:05
Инвестиции во нови градинки и домови за стари лица
Руралните општини имаат потреба од детски градинки, но и проширување на капацитетот на постоечките. Единствената детска градинка во Општина Карбинци „Кокичиња“, со проширување на капацитетот ја елиминира листата на чекање.
-
Македонија 03.01.2026 17:20
Кран Монтана ги врати болните сеќавања на Кочани
Од добра забава до трагедија. Или од Бразил преку Романија, трагедијата во Кочани до Кран Монтана.
-
Македонија 03.01.2026 16:28
Македонецот Стивен Ивановски меѓу жртвите во трагедијата во Кран Монтана
Македонскиот државјанин Стивен Ивановски кој се водеше како исчезнат по катастрофалниот пожар во барот „Ла Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана е меѓу жртвите во трагедијата.
-
Македонија 03.01.2026 15:59
Исчезнат планинар на Пелистер, во тек е акција за пронаоѓање
Во тек е акција за пронаоѓање исчезнат планинар на Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“, информира ЦУК.
Лицето телефонски било достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен.
-
Македонија 03.01.2026 15:42
Софија со забелешки за акцискиот план за малцинства
Забрзано работиме на исполнување на 10 од 12 чекори од реформската агенда што треба да се случи, најдоцна до првата половина на годинава, информира премиерот Мицкоски. Свесно не се дозволува либерализација на пазарот со електрична енергија за да се спречи драстично поскапување на струјата.
-
Свет 03.01.2026 15:18
Мадуро тргнат од власт, ќе му се суди во САД
Венецуелскиот претседател Мадуро е тргнат од власт-објави американскиот претседател Трамп, откако САД извршија серија воздушни напади врз Венецуела, вклучувајќи го и нејзиниот главен град Каракас.
-
Македонија 03.01.2026 14:46
Расте бројот на лицата од ранлива категорија
Новата година ни дојде, ама на многумина старите маки им останаа. Едни поради безработица, други со слабо здравје, децении се мачат за гола егзистенција. И на минусните температури го пречекаа комбето кое дели топол оброк.










