Горивата поскапуваат од полноќ- соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините се зголемуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар. Повисока цена и на мазутот.
Вести
-
Економија 16.04.2018 12:35
-
Македонија 16.04.2018 12:22
Могерини: Западен Балкан е стратешки регион за Европа
Утре Европската комисија ќе го објави извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан. Според информациите, Македонија ќе добие чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите за членство.
-
Свет 16.04.2018 12:16
Вашингтон: Мисијата на САД не се промени
„Мисијата на САД не се промени“, соопштија од Белата куќа по изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон кој тврди дека го уверил својот американски колега Трамп да го продолжи престојот на трупите во Сирија.
-
Македонија 16.04.2018 12:08
Поддршка од Германија за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО
Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Томас Герберих, амбасадор на Република Германија во Република Македонија.
-
Македонија 16.04.2018 11:12
Јакнењето на имунитетот ги спречува алергиите
Пролетта ги разбуди алергиите. Симптомите кои ги мачат алергичните се јадеж во очите, кивавица, сува кашлица, затнат нос, отоци, изнемоштеност. Хронично болните знаат како превентивно да се заштитат но секогаш може да се јави и бурна реакција на некој алерген.
-
Економија 16.04.2018 10:57
Турските туристи ја отворија туристичката сезона на Охридското крајбрежје
Со воден мост, локум, колачиња и торта на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ беа дочекани првите 180 патници кои попладнето пристигнаа со чартер лет од Истанбул. Од денеска до 21-ви октомври со 23 летови, односно еднаш неделно, се очекува во Охрид да допатуваат над 4.500 патници.
-
Свет 16.04.2018 10:44
Ѓукановиќ прогласи победа на претседателските избори
Поранешниот претседател и премиер на Црна Гора, лидер на владејачката Демократска партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ прогласи победа на претседателските избори.
-
Македонија 16.04.2018 10:43
Продолжува судењето за случајот „Поткуп“
Во Кривичниот суд продолжува судењето за предметот „Поткуп“. Апелација сѐ уште нема одлучено дали јавноста ќе ја види целосната снимка од разговорот меѓу Заев и струмичкиот бизнисмен Николов.
-
Македонија 16.04.2018 10:41
Продолжува судењето за нападот врз Села, ќе сведочи пратеникот Зекири
Продолжува судењето на обвинетите за физичкиот напад врз пратеникот Зијадин Села на 27-ми април, лани во Собранието.
-
Македонија 16.04.2018 10:38
Димитров на регионална конференција по повод 10- годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во Белград ќе учествува на регионалната конференција што се организира по повод 10- годишнината од формирањето на Европскиот фонд за Балканот. Димитров ќе се обрати како главен говорник на конференцијата.










