15-годишни ученици кои посетувале некакви програми за ран детски развој од три до пет години имале подобри резултати од оние кои не посетувале, покажало истражувањето на ПИЗА.
Вести
-
Македонија 05.12.2017 14:44
-
Македонија 05.12.2017 14:39
ДИК на јавнa седница расправа за бонусите
На јавна седница, членовите на Државната изборна комисија расправаат за предлог-одлуката за отповикување на донесените решенија за определување надоместок за членовите и за вработените во стручната служба за спроведените избори.
-
Свет 05.12.2017 14:36
Тилерсон на дводневен состанок на НАТО
Соработката со Европската унија, Корејската криза и тероризмот, се дел од темите на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел. На самитот присуствува и американскиот државен секретар Тилерсон, кој е во неколкудневна европска турнеја.
-
Македонија 05.12.2017 14:14
Судењето за случајот „Тотал“ продолжува на 7-ми декември
Драган Павловиќ- Латас не определил претставници кои ќе ги застапуваат двете негови фирми во процесот во кој е обвинет. Ова е една од причините за одложување на главната расправа за случајот „Тотал“.
-
Економија 05.12.2017 13:50
Извозот во првите десет месеци со раст од 16,9 проценти
Вкупната вредност на размената со странство во 10-те месеци од годинава изнесува 10.903.802 илјади американски долари. Во првите десет месеци од годинава извозот е во вредност од 4.657.736 илјади американски долари, а увозот 6.246.066 илјади американски долари.
-
Македонија 05.12.2017 13:48
Граѓани пријавиле дека им недостасуваат пари и предмети од сефови
Петмина граѓани пријавиле во СВР Скопје дека им недостасуваат пари и предмети кои ги чувале во сефови во објект на „Шпаркасе банка“ во Скопје.
Веднаш по добиената пријава известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, информира денеска МВР.
-
Свет 05.12.2017 13:20
Повлечен меѓународниот налог за апсење на Пуџдемон
Врховниот суд на Шпанија го повлече меѓународниот налог за апсење на поранешниот лидер на Каталонија Карлес Пуџдемон и четворицата министри кои избегаа во Белгија откако еднострано прогласија независност по октомврискиот референдум кој беше оспорен од централната власт.
-
Економија 05.12.2017 13:14
Македонска берза со апликација за брзо и лесно тргување
Се олеснува тргувањето на Македонската берза. Презентирана новата апликација Е-трговец, преку која клиентите ќе можат електронски да ги праќаат налозите и да имаат увид во тргувањето.
-
Македонија 05.12.2017 13:00
Над илјада прислушувани разговори ќе бидат доказ во „Титаник“
Над илјада прислушувани разговори ќе бидат доказ во постапката за случајот „Титаник“, одлучи скопска Апелација. На вчерашната јавна седница, обвинетите побараа да се отфрли обвинението и таканаречените бомби да не бидат доказ во постапката за изборни нерегуларности.
-
Македонија 05.12.2017 12:58
Дескоска: Готов е новиот Закон за високо образование
Новиот Закон за високо образование е готов и до крајот на месецов ќе биде ставен на Електронскиот регистар на прописи, ЕНЕР- соопшти министерката за образование и наука Рената Дескоска.










