Реал Мадрид синоќа во Ријад ја победи Барселона со 4:1 во финалето на шпанскиот Суперкуп.
За тренерот на Реал, Карло Анчелоти, ова е 11-ти трофеј со клубот. Шеесет и четиригодишниот Италијанец се израмни со Зинедин Зидан по освоени трофеи со „кралскиот клуб“.






