Тренерот на англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул, Јирген Клоп (56), одлучи да го напушти клубот на крајот од сезоната во Премиер лигата. Информацијата попладнево ја потврди Ливерпул, објавувајќи драматично видеообраќање на германскиот стратег.
Фудбал
Блог вести
-
Фудбал 26.01.2024 13:44
-
Фудбал 25.01.2024 14:09
Реал го надмина Манчестер Сити на листата на најпрофитабилни клубови
Реал Мадрид го надмина Манчестер сити во рангирањето на најпрофитабилните фудбалски клубови на крајот од сезоната 2022/23. Како што објави „Делојт“ приходите на мадридскиот клуб изнесуваат 831 милион евра, што е за 118 милиони евра повеќе во однос на сезоната 2021/22.
-
Фудбал 16.01.2024 11:08
Меси прогласен за фудбалер на 2023 година во изборот на ФИФА
Фудбалерот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси, е прогласен за најдобар играч за 2023 година во изборот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА).
Меси ја пропушти церемонијата на доделување на наградите „The Best FIFA Football Awards“ одржана синоќа во Лондон.
-
Фудбал 16.01.2024 10:50
Рома го отпушти Мурињо
Рома објави дека главниот тренер Жозе Мурињо и неговиот стручен штаб го напуштаат клубот. Наскоро ќе бидат објавени информации за новото раководство на првиот тим.
-
Фудбал 15.01.2024 10:27
Реал го освои Суперкупот
Реал Мадрид синоќа во Ријад ја победи Барселона со 4:1 во финалето на шпанскиот Суперкуп.
За тренерот на Реал, Карло Анчелоти, ова е 11-ти трофеј со клубот. Шеесет и четиригодишниот Италијанец се израмни со Зинедин Зидан по освоени трофеи со „кралскиот клуб“.
-
Фудбал 10.01.2024 12:30
Реал Мадрид и Барселона заинтересирани за Халанд
Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлин Халанд може да го напушти тимот на крајот на сезоната и кариерата да ја продолжи во шпанското првенство, пренесуваат повеќе медиуми. Во игра се Реал Мадрид и Барселона.
-
Фудбал 04.01.2024 10:19
Мбапе сè уште не донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата
Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе одговори на прашање за неговата иднина по синоќешната победа над Тулуз (2:0) во Суперкупот на Франција.
-
Фудбал 28.12.2023 20:49
Македонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска во Ријека
Македонската фудбалска репрезентација на 3 јуни 2024 година ќе одигра контролен натпревар против Хрватска во Ријека.
Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар против бронзените од последното Светско првенство.
-
Фудбал 26.12.2023 18:06
Реал подготвува документи за евентуален договор со Мбапе
Реал Мадрид почна да подготвува документи за купување на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе на почетокот на јануари 2024 година. Дотогаш Французинот веќе ќе може да преговара со кој било клуб, пренесуваат повеќе медиуми.
-
Фудбал 23.12.2023 19:18
Елмас потпиша за Лајпциг
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас успешно ги мина задолжителните медицински прегледи и потпиша денеска долгогодишен договор со германскиот прволигаш Лајпциг.




