Српскиот кошаркар во дресот на Денвер, Никола Јокиќ на ноќешниот натпревар против Јута го „запиша“ својот 178 трипл-дабл во кариерата. Тој сега има само три помалку од легендата Оскар Робертсон. Јокиќ реализираше 14 поени и по 13 скокови и асистенции.
Денвер ја совлада Јута со 135:112.




