Американската професионална кошаркарска лига НБА денеска ги објави имињата на петте играчи номинирани за наградата Карим Абдул Џабар, која се доделува на играчот кој направил најмногу на полето на борбата за социјална правда.
Кошарка
Блог вести
-
Кошарка 24.04.2025 11:25
-
Кошарка 22.04.2025 10:27
НБА: Тројца кандидати за МВП
Познати се номинираните за титулата најкорисен играч на регуларниот шампионат на НБА во сезоната 2024/25, објави прес-службата на лигата.
За наградата номинирани се Шаи Гилгеус-Александер од Оклахома Сити, центарот на Денвер, Никола Јокиќ и ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо.
-
Кошарка 16.04.2025 11:53
Голден Стејт и Орландо изборија место во плејофот
Кошаркарите на Голден Стејт се пласираа во првото коло од плеј- офот на Западната конференција во НБА, совладувајќи го Мемфис рано утрово на својот терен во Сан Франциско со 121:116.
-
Кошарка 09.04.2025 14:29
Денвер добива нов тренер, Мајк Мелоун отпуштен
НБА лигашот Денвер Нагетс ги отпушти тренерот Мајкл Мелоун и генералниот директор Калвин Бут. Досегашниот главен помошник тренер Дејвид Аделман ќе биде вршител на должноста шеф на стручниот штаб на Денвер, тврди познатиот инсајдер во НБА лигата, Шамс Чарани.
-
Кошарка 07.04.2025 09:03
Лос Анџелес Лејкерс триумфираа против Оклахома сити
Во НБА лигата кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс триумфираа против најдобро пласираната екипа во Западната конференција Оклахома сити со 126:99.
-
Кошарка 02.04.2025 09:22
Јокиќ со нов рекорд во НБА
Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ постави рекорд во НБА за постигнати поени во трипл-дабл.
-
Кошарка 27.03.2025 09:36
Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл
Кошаркарите на Денвер синоќа на домашен терен го совладаа Милвоки со 127:117. Најефикасен во тимот на Денвер беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, кој во првиот натпревар откако се врати на паркетот по повредата забележа трипл-дабл со 39 поени, 10 скокови и 10 асистенции.
-
Кошарка 20.03.2025 20:41
Бостон ќе биде продаден за 6,1 милијарди долари
Актуелниот НБА-шампион Бостон Селтикс ќе биде продаден за рекордна сума во историјата на лигата - 6,1 милијарди долари.
Купувач ќе биде компанија предводена од Вилијам Чишолм, која дејствува со поддршка на приватниот инвестициски фонд „Sixth Street“, објави „Sportico“.
-
Кошарка 14.03.2025 09:20
Стеф Кари со 4.000 реализирани тројки во својата НБА кариера
Уште една ноќ во долгата и успешна кариера на Стеф Кари, еден од најдобрите бекови на сите времиња, во која тој стигна до значаен јубилеј.
-
Кошарка 12.03.2025 08:50
НБА ќе гостува во Австралија
НБА лигашот Њу Орлеанс ќе одигра два претсезонски натпревари против НБЛ тимови во Мелбурн во октомври оваа година. Ова ќе биде прво гостување во Австралија на една од екипите од најсилната светска кошаркарска лига.







