Ликовниот уметник и скулптор Томе Аџиевски со проектот „Red Carnival“ ќе се претстави на 57-то Венециско биенале на уметноста. Проектот е избран едногласно од стручната комисија од седум пристигнати апликации на конкурсот на Министерството за култура.
-
Култура 29.12.2016 15:57
-
Култура 29.12.2016 10:25
Новогодишен концерт на „Танец“
Националниот ансамбл на народни игри и песни на Македонија „Танец“ вечер ќе го одржи 67-от новогодишен концерт.
Концертот ќе се одржи во Македонскта опера и балет.
-
Култура 27.12.2016 12:48
Изведба на операта „Евгениј Онегин“ за хуманитарни цели
Во Македонската опера и балет, утревечер со почеток во 20 часот ќе биде изведена оперската претстава „Евгениј Онегин“ од Петар Илич Чајковски. Собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
-
Култура 26.12.2016 11:07
Охрид доби Музеј на охридските бисери на Филеви
Семејството Филеви, едно од наследниците на тајната на изработката на охридскиот бисер во новиот продажен салон отвори музејска поставка, односно бисерна соба каде што бројните посетители ќе имаат можност да се запознаат со процесот на изработка на бисерите.
-
Култура 22.12.2016 16:26
Културно- историското наследство поблиску до лицата со инвалидност
„Музеј за сите, Музеј за понесување“ проект преку кој битолскиот Завод и музеј осознавањето на културно- историското наследство го прави подостапно за лицата со инвалидност.
-
Култура 22.12.2016 11:45
„Руска бајка“ - новогодишен концерт на МОБ на 1 јануари
Македонската опера и балет (МОБ) во недела, на 1 јануари, ќе го изведе традиционалниот Новогодишен концерт. Концертот со наслов „Руска бајка“, под диригентство на Иван Еминовиќ, ќе се одржи во реновираниот Салон на Македонската опера и балет.
-
Култура 21.12.2016 15:47
Врачена државната награда за новинарство и публицистика за 2016-та година
Љубовта кон професијата постојано ни даваше мотивација цел живот да бидеме во потрага по настанот, по темата, по идејата, во потрага по човекот и неговата судбина, рече Аљуш Камбери потенцирајќи дека наградата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ е чин на признавање на нивниот долгогодишен вложен труд и вре
-
Култура 21.12.2016 13:53
Центарот за култура- столб на културно уметничките случувања во Битола
Од обични детски престави до престижни интернационални фестивали. Со просек од два организирани настани на ден Центарот за култура останува главниот столб на културно- уметничките случувања во Битола.
-
Култура 20.12.2016 11:32
Славниот виолинист Џулијан Рахлин на Божикен концерт со Македонската филхармонија
На 7 јануари, по повод еден од најголемите христијански празници Божик, во Македонската опера и балет во 12:30 часот, Македонската филхармонија ќе одржи Божикен концерт на кој како солист, но и како диригент, ќе се претстави светски познатиот виолинист Џулијан Рахлин.
-
Култура 19.12.2016 16:26
ДПМ одбележа 95 години од раѓањето на Блаже Конески
20 поети од различни генерации и Друштвото на писатели му оддадоа почит на големиот творец и научник, прв претседател на Македонската писателска асоцијација, чиј опус како поет, раскажувач, есеист, филолог и преведувач, остави длабоки траги во македонската национална и културна историја.










