• Култура 01.07.2016 12:10

    Никола Маџиров- национален уметник за 2016-та

    Поетот Никола Маџиров е национален уметник за 2016-та. Признанието од Министерството за култура се доделува по шести пат. Поезијата на Маџиров е објавена во над 50-тина држави во светот, во Европа, САД, Азија, Африка, Латинска Америка во Австралија и е преведена на 41 странски јазик.

  • Култура 01.07.2016 10:21

    Почнува фестивалот „Пеце Атанасовски“

    Изворната музика, душата и животот на еден народ, пак ќе се разлева во Прилеп и на Рудина кај Долнени. Почнува фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

  • Култура 30.06.2016 15:30

    Продолжува соработката меѓу Македонија и Италија

    Добрите односи меѓу Италија и Македонија ќе се продлабочуваат со потпишување на четвртата Програма за соработка меѓу двете земји во областа на културата, образованието и нанауката до 2019 година. Според амбасадорот Белели, ова е резултат на плодна и на успешна комуникација.

  • Култура 29.06.2016 16:06

    „Ослободување на Скопје“ премиерно на отворањето на „Браќа Манаки“

    „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија ќе го отвори 37 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Филмот е Македонско–хрватско– инска копродукција и е поддржан од Европскиот филмски фонд за копродукции „Еуроимаж“.

  • Култура 29.06.2016 14:44

    Нови 12 дела од македонски автори достапни на странските читатели

    Нови 12 дела на македонски автори ќе им бидат достапни на странските читатели. Објавени се делата, избрани на последниот конкурс за финасирање преводи на македонската книжевност кои ќе издадат странски куќи.Според авторите ова е можност за првпат да се презентираат надвор од државата.

  • Култура 28.06.2016 15:33

    Се реконструира големата сала во МОБ

    Големата сала во Македонската опера и балет ќе добие комплетно нов лик. Се реконструира подот, се менуваат сите 730 седишта и осветлувањето. Ќе се поднови и фоајето, ќе се постават рампи за лицата со посебни потреби. Од буџетот на Министерството за култура се издвоени околу 62 милиони денари.

  • Култура 27.06.2016 17:00

    Кисела Вода доби современ Дом на култура

    Готов мултифункционалниот дом на културата во Кисела Вода. Љубителите на театарските претстави и на филмот добија ново катче. Се простира на 900 квадратни метри, има сала со 169 седишта.

  • Култура 27.06.2016 16:07

    Ботола Шекспир фестивал: Преполни сали, задоволна публика

    4-тиот интернационален „Битола Шекспир фестивал“, на половина од својот пат. Од досега прикажаното впечатокот е дека претставите ги полнат салите, а критиката на публиката е позитивна. Велат ова е вистинско летно културно освежување.

  • Култура 24.06.2016 13:28

    Битола живее со „Шекспир фестивал“

    „Шекспир форевер“ е музичко сценскиот перформанс со којшто беше отворен четвртиот меѓународен „Битола Шекспир фестивал“ на четиристотини години по смртта на големиот драматург Вилијам Шекспир.

  • Култура 23.06.2016 14:21

    Над 100 културни случувања на „Топол културен бран“

    По девети пат Македонија ќе ја зафати „Топол културен бран“. Во 31 општина, стотина културни случувања.

Pages