Љубителите на драмската уметност утревечер во предворјето на Света Софија ќе ја проследат премиерната изведба на претставата „Бар-Ремарк“ по текстот на Ерих Марија Ремарк „Тројца другари“, во продукција на Битолскиот театар.
-
Култура 03.08.2016 11:01
-
Култура 01.08.2016 14:56
Концерт на „Ван Гог“ во рамки на оф- програмата на „Охридско лето“
Во Охрид кулминира туристичката сезона, но и културните и забавните настани. Помладите генерации вечерва на летната сцена Долни Сарај во оф- програмата на Охридско лето ќе уживаат во настапот на култниот балкански рок состав „Ван Гог“.
-
Култура 28.07.2016 15:45
Низа настани за 1.100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски
На 8 август годинава Македонија ќе ја одбележи 1.100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охродски, сесловенски учител, мисионер, прв епископ на Јужните Словени и основач на Охридската книжевна школа. Пред гробот и моштите на Св. Климент на Плаошник ќе биде одржан молебен.
-
Култура 28.07.2016 14:49
Промовирана Монографија посветена на детското ликовно творештво
40- годишното детско ликовно творештво како трајна инспирција од народната култура преточено во Моннографија.
-
Култура 27.07.2016 15:10
Македонската хорска уметност афирмирана во светски рамки
Со титулата светски шампион во категоријата „Женски камерни хорови“, „Света Злата Мегленска“ се врати од престижните „Светски хорски игри“, кои се одржуваа од 6 до 16 јули во Сочи.
-
Култура 27.07.2016 12:57
Почна манифестацијата „Крушево етно- град“
Комити, турци, војводи, чорбаџии, занаетчии. Крушевчани преку носите и облеката и со манифестацијата „Крушево етно- град“ го живеат својот времеплов низ историјата и традицита.
-
Култура 26.07.2016 15:28
Со фестивалот „Илинденски денови“ во Битола започнува чествувањето на Илинден
Со традиционалното дефиле по „Широк Сокак“ и звуците на „Тешкото“, в петок најстариот фестивал на народни песни и ора „Илинденски денови“, ќе го започне воведот во чествувањето на најсветлиот македонски национален празник.
-
Култура 25.07.2016 11:01
Колонијата „Дрен“- непресушна уметничка инспирација
Непресушната уметничка инспирација ги создаде новите 30-ина дела на меѓународната колонија „Дрен“.
-
Култура 01.07.2016 14:49
Со претставата „Сонети“ завршува битолскиот Шекспир фестивал
Претставата „Сонети“, на домашниот ансамбал вечерва го затвора 4-тиот интернационален Битола Шекспир фестивал. Стонастотната посетеност на деветте фестивалски вечери е доволен показател дека делата на театарските куќи на земјите учеснички ги задоволија вкусовите на публиката.
-
Култура 01.07.2016 12:10
Никола Маџиров- национален уметник за 2016-та
Поетот Никола Маџиров е национален уметник за 2016-та. Признанието од Министерството за култура се доделува по шести пат. Поезијата на Маџиров е објавена во над 50-тина држави во светот, во Европа, САД, Азија, Африка, Латинска Америка во Австралија и е преведена на 41 странски јазик.








