Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго вечер во 21 часот ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“. Со него ќе настапи и Марија Хозе Сири – една од водечките сопрани во светот, заедно со оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент ќе биде Жорди Бернасер од Шпанија.
-
Култура 14.03.2025 08:22
-
Култура 13.03.2025 11:55
„Кога ги следевме сенките“ во Францускиот институт во Скопје
Францускиот институт во Скопје ги најавува видеоперформансот и изложбата насловена „Кога ги следевме сенките“, која ќе се одржи денеска, со почеток во 18 часот, во Францускиот институт во Скопје. Авторка на изложбата е Наташа Неделкова, а кураторка е Мелоди Робин.
-
Култура 12.03.2025 18:21
Лешочкиот манастир ќе биде конзервиран и ревитализиран
Конакот на најголемиот духовен центар во тетовско, Лешочкиот манастир, конечно ќе биде конзервиран и ревитализиран. За објектот, кој претставува интегрален дел од манастирскиот комплекс се обезбедени 6 милиони денари, негово завршување се очекува до крајот на годината.
-
Култура 12.03.2025 15:10
Отворена изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“
Во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, е отворена за јавност изложбата под наслов „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“.
-
Култура 12.03.2025 13:41
Почнува реставрацијата на Лешочкиот манастир
Министерот Љутков е во посета на Лешочкиот манастир каде во тек е санација и реставрација на Стариот конак.
-
Култура 12.03.2025 08:54
Гостување на Хелене Буковски во Јуроп хаус во Скопје
Германската авторка Хелене Буковски вечерва во 19 часот во Европската куќа во Скопје ќе одржи промоција на дистопискиот роман „Млечни заби“, кој е во издание на Издавачката куќа „Три“ (2024).
-
Култура 11.03.2025 10:00
Симфониска суита за деца и млади во Македонска филхармонија
Во сабота, со почеток во 12 часот, оркестарот на Македонската филхармонија премиерно ќе ја изведе симфониската суита „Итар Пејо“ од македонскиот композитор Филип Иванов како едукативен концерт за деца. Диригентка е Бисера Чадловска, а наратор ќе биде актерот Мартин Јорданоски.
-
Култура 10.03.2025 15:59
Ќе се реконструира црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Струмица
Во наредните три години црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Струмица целосно ќе се реконструира за што од Министерството за култура се обезбедени 15 милиони денари. Вака најави министерот Зоран Љутков кој беше во работна посета на Струмица.
-
Култура 10.03.2025 07:57
Министерот Љутков во посета на Струмица
Денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ќе реализира посета во Општина Струмица, во рамките на која ќе се остварат значајни средби и активности поврзани со културното наследство и развојот на културата во регионот.
-
Култура 09.03.2025 09:19
Три романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“
Простување“ од Кица Колбе („Или-или“), „Светот што го избрав“ од Калина Малеска („Или-или“) и „И ѕирка и проѕирка“ од Огнена Никуљски („Антолог“) се трите романи што влегоа во најтесниот избор за годинашната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на к









